Радио Милева

Антониа Гиговска на црвениот килим во „Штарк Арена“ се појави со момчето, а фанови им порачаа: „Холивудски“

Антониа Гиговска на црвениот килим во „Штарк Арена“ се појави со момчето, а фанови им порачаа: „Холивудски“
фото: принтскрин/инстаграм

Во понеделник  (27.01.2020) во „Штарк Арена“ се одржа второто издание на големите музички награди „МАC“.

„МAC“ ја славеше музиката, а ова случување ги обидини музичките ѕвезди од регионот кои во разни модни елегантни комбинации пристигнаа на црвениот килим во „Штарк Арена“.

На доделувањето на наградите присуствуваа многу јавни личности од регионот меѓу кои и Лепа Брена, Јелена Карлеуша, Јелена Розга, Петар Грашо, Влатко Лозаноски, Нина Бадриќ и многу други.

https://arhiva.vistina.com.mk/megafon/regionot-obidinet-ja-slaveshe-muzika-na-mac-2020/

И од македонската естрада имаше многу номинирани, но само Лозаноски освои награда за најдобра поп фолк песна „Мајка“, а поп дивата Калиопи ги освои сите овации со моќната интерпретација на „Роѓени“.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/kaliopi-ne-osvoi-nagrada-na-mac-no-dobi-najgolemi-ovacii-vo-shtark-arena/

Македонската пејачка Тамара Тодевска се појави во улога на водителка, па наместо микрофонот за пеење, овој пат го искористи за најавување и правење интервјуа.

Младата пејачка Антониа Гиговска беше номинирана за најдобар женски вокал, но не ја освои оваа награда.

фото: принтскрин/инстаграм

Гиговска на црвениот килим се појави заедно со својот партнер односно Иван Јованов, а парот заедно позираше пред фоторепортерите.

Антониа за оваа прилика одбра бела комбинација односно бели широки панталони во комбинација со топ и сако. Овој стајлинг Гиговска го дополни со патики.

фото: Принтскрин/инстаграм/антониагиговска

Момчето на Гиговска оваа фотографија ја сподели на својот „Инстаграм“, а истата доби повеќе од 1 000.

Под објавата се нижеа само позитивни коментари и тоа: „Холивуд“, „Убавини“.

Инаку, Гиговска за неколку дена треба да ја објави својата нова песна „Крива сам“.

Останати вести од Радио Милева