Веќе и врапчињата знаат дека младата Антониа Гиговска е во среќна врска со пејачот Иван Јованов.
Во едно неодамнешно интервју за естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ, вокалот во составот на Либеро бенд јавно на својата сакана и порача да прекине да јаде макарони, односно тестенини секој ден. Имено, токму ова јадење е нејзина најголема слабост, а Гиговска освен што ги дегуситира секој ден, исто така самата и ги приготвува. Тоа го направи и пред камерата на Бекстејџ…
Кој би рекол дека Антониа е девојка за се’! Тестенините беа „машки“ – со јајца, добија оцена 10, а Гиговска и машки реши да го возврати ударот, па еве со што го предизвика Иван…