Македонската поп пејачка Антониа Гиговска не освојува само со својот глас и песните, туку и со својата појава и имиџот. Секако, она што има да го слушнеме и видиме ни го претставува во песните и видеата, а она што го турка како изглед и мода, најчесто го споделува на соцјалните мрежи. Или поточно, да е жив Инстаграм – што би рекле!
Антониа секогаш средена, стокмена дотерана, па дури и кога тоа е необврзно, по дома да речеме или некаде на прошетка, излет, пикник, каде што нема многу што да се дотерува. Она што на себе ќе го облече, што и да е, 21-но годишната распеана убавица знае како да го носи!
Младата пејачка речиси редовно знае јавно и несебечно да сподели кој се погрижил за стајлингот, за нејзината фризура или шминка да речеме, но овој пат таа јавно побара нешто друго од своите фанови и следбеници на социјалните мрежи.
Имено, Антониа фотографирана во светло сини широки фармерки, светло-виолетова маичка без ракави, патики и модерни очила за сонце, побара совет или поточно модна оценка за својот имиџ…
Во истата руба на четири фотографии сликана од различни страни, агли и перспектива, пејачката праша на која од четирите фотографии најдобро изгледа, односно побара да ја оценат од 1 до 4, прашувајќи: „1,2, 3 или 4?“
Од возвратните коментари собра само комплименти и пофални зборови, така што оценката или изборот од 1 до 4 беше – сите 4!
Она што е за 5-ка, е возбудата кај младата убавица, која е евидентна под маичката на пејачката, па од приложеното е прилично воочливо и очигледно дека Антонија мошне возбудена ја очекувала реакцијата за својата модна комбинација!
До душа, некој се пошегува дека тоа што се наѕира под маичката на пејачката не од возбуда, туку е од ладното, додека некои малку постари фотографии покажаа дека во прашање е стара навика или поточно – „природна состојба“ кај Антониа!
Ама сеедно…! Важно е да е за 5-ка! И модната оценка и она што со неа оди под маичката на пејачката!
Форто: Инстаграм принтскрин/antoniagigovskaa