Младата македонска пејачка Антониа Гиговска посебен впечаток остави во регионалното музичко шоу „Пинкови ѕвездички – алл старс“.
Иако, можеби не победи, жирито беше воодушевено од нејзините вокални способности кои постојано ги покажуваше на сцената на „Пинк“, а многумина и предвидоа блескава кариера.
Освен позитивни коментари за нејзиниот глас, Гиговска добиваше и пофалби за нејзините модни комбинации.Денес сите знаеме како изгледа младата пејачка.
Меѓутоа, деноввие Антониа пребаруваше по арихива и наиде на фотографија од пред неколку години.
Во описот на фотографија, Антониа напиша: „Погодите кој е?“ и даде одговор: јас или дифинитивно јас, а нејзините следбеници можеа да дадат одговор.
За потсетување, Антониа неодамна направи промена кога е во прашање нејзиниот изглед односно стана русокоса.