Радио Милева заспана мама

Антониа Гиговска им „потклекна“ на трудничките симптоми: Пејачката во дуксер и качулка, среде бел ден потона во светот на сонишатата (фото)

Антониа Гиговска им „потклекна“ на трудничките симптоми: Пејачката во дуксер и качулка, среде бел ден потона во светот на сонишатата (фото)

Македонската поп пејачка Антониа Гиговска никогаш не прави пауза во кариерата.  Секако за тоа се заслужни и социјалните мрежи преку кои таа известува секојдневно за сѐ ново што и се случува како на музички така и на приватен план.

Антониа токму на нејзиниот 22-ри роденден, ја откри веста дека ќе стана мајка, а следниот ден ја објави нејзнината заедничка песна со Пајак, „Хабиби“, а, оттогаш нејзините фанови не престануваат да ја радуваат и да и праќаат куси видеа како ги пејат стиховите на новата песна.

Но, нејзиното последно „стори“ откри дека повеќе не е имуна на  „хормоните“ кои почнале дури и напладне да ја совладуваат па, сега таа со идните мајки може дури да сподели  искувство и да им раскаже дека ете  „Има и такви денови“ како што напиша во описот на фотографијата  и очигледно крена раце од сѐ а тоа го покажа и со малиот емотикон кој го постави на крајот на изјавата.

Па, така без пижами без покривка, само по дуксер и качулка, Антониа потона во светот на соништата….

Таа веќе ги искуси утринските маките со исхраната, се пожали дека и недостигаат  и спа центрите, а сега веќе и сонот почна да ја совладува среде бел ден.

Искусните трудници знаат дека бременоста носи физички промени но и опаѓање на енергијата, па кај Антониа се случи токму тоа, но за среќа овој пат падна право в кревет.

Очигледно новонастанатата ситуација и влијае на младата пејачка, а блажената состојба ќе го скроти и нејзиниот немирен темперамент и веројатно редуцира активностите на сцената на Антониа.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Антониа Гиговска

 

To top