Радио Милева
одговор од прва рака

Антониа Гиговска и Иван Јованов на распит пред камера: „Кој е виновен што љубовта испари и кој кого изневери? (ВИДЕО)

Антониа Гиговска и Иван Јованов на распит пред камера: „Кој е виновен што љубовта испари и кој кого изневери? (ВИДЕО)

Иако веќе не е ни вест, зашто на сите им стана познато дека естрадната „love story“ помеѓу македонската поп пејачка Антониа Гиговска и нејзиното ( сега веќе бившо) момче, вокалот на „Либеро бенд“, Иван Јованов доживеа неславен крај. Врската ја раскинаа инкогнниот, тивко и без многу помпа, иако јавноста бргу „ја провали“ приказната дека вљубените естрадни гулапчиња повеќе не се во љубов!

 

View this post on Instagram

 

A post shared by 🦁 (@jovanov_ivan)

И тука тргнаа шпекулациите, претпоставките, нагаѓањата, кулоарските естрадни муабети… од кои се исплкетоа и многу „евтини приказни“ по медиумите. Сепак, дека „каде што има чад, има и оган“ покажаа некои основани сомнежи, дошепнувањата на очевидци или блиски пријатели, кои како по правило сакаат да останат анонимни, но и однесувањето на двајцата сега веќе бивши љубовници.

Она што е интима, кога ќе исплива на површина, веројатно секој има своја вистина во такавата приказна. И една и другата страна и пејачот и пејачката, кои беа прилично резервирани, сепак решија да отворат, ако не „душа“, тогаш барем уста и да кажат по некој свој збор на оваа тема.

Екипата на естрадниот ТВ магазин „Бекстејџ“ реши да ги побара Иван и Антониа се со цел од прва рака да ја дознае точната вистина, прашувајќи ги и пејачот и пејачката одделно пред камера: „Кој е виновен што љубовта испари и кој кого изневери?

Дали ја потврдија или демантираа оваа приказна и што јавно кажаа, погледнете од нивната вистина во видеото во продолжение (КЛИКНИ ТУКА):

Останати вести од Радио Милева