Антониа Гиговска уште откако се појави во „Пинк ѕвездички“, покрај талентот за пеење, беше и остана препознатлива по својата долга коса.
Таа во неколку наврати изјавила дека тешко би се одлучила да ја скрати, но кога е во прашање бојата или нијансата, тогаш кај нема има простор за промена.
View this post on Instagram
Така беше и овој пат кога ја обои својата коса во раскошно платинеста. Новиот имиџ го презентираше пред публиката на настап на плоштад во Берово, а потоа замина на дополнителен одмор на море пред да влезе во студио и да снима нова песна.
View this post on Instagram
Гиговска има полна агенда настапи низ Македонија, а следно треба да пее на Тиквешки Гроздобер во Кавадарци и тоа по вторпат после неклку години.
Антониа е во постојана виртуелна комуникација со обожавателите, а освен тоа што за новиот изглед се спорди со ликот Калиси од серијата „Игра на тронови“ и доби потврда дека навистина изгледа така.
View this post on Instagram
View this post on Instagram
Побара мислење и за тоа каква песна да сними следно, а со оглед на тоа дека забрзано работи на својата кариера, новата песна ја очекуваме наскоро.
фото:Инстаграм/Антониа Гиговска