Радио Милева наскоро

Ања Ветерова во разголено и провактивно издание најави нова песна – се „крчка“ музичко дело

Ања Ветерова во разголено и провактивно издание најави нова песна – се „крчка“ музичко дело

Македонската пејачка Ања Ветерова студира на престижниот бостонски колеџ „Беркли“ во САД..

Пејачката повремено ги пакува  куферите и од  Бостон се враќа во Скопје и обратно, а сето тоа неретко го зачинува со споделени фотографии на социјалните мрежи.

Кога има нешто ново таа знае да се пофали на социјалните мрежи. Така беше и овој пат, пејачката во разголено издание најави дека подготвува нова песна.

Имено, таа објави неколку фотографии на кои позира по долна облека.

На првата фотографија, Ања си прави селфи, па ништо не открива…

Но, затоа на другата објава е разголена односно позира во откопчани фармерки и  долна облека од тантела и раката ставена во фармерките кај интимниот дел на телото, а другата рака на стомакот под градите, со заводлив поглед разбудувајќи ја машката фантазија, но и радозналост што подготвува.

На последната објава, повторно е селфи од Ања која позира ставајќи го прстот на рака.

„Ма нема везе све пет…„Зад петама“ наскоро“, напииша таа покрај објавата и откри дека подготвува нова песна на српски јазик.

Нејзините следбеници на „Инстаграм“ ја опсипаа со позитивни коментари.

Што подготува македонската пејачка останува да видиме.

фото: Инстаграм/anniamusicofficial

To top