Во 2004 година Ања Ветерова дебитираше на детското фестивалче „Супер ѕвезда“, a набрзо потоа почна да настапува на европски музички фестивали и да освојува награди, за во 2010 година да ја претставува Македонија на детска Евробизија во Белорусија.
Евровизиската песна „Еооо,еооо“ остана да важи за детска химна кај нас до денес и со неа растат многу дечиња.
Ања денес има 22 години и студира музика на престижниот Беркли во САД.
Ја паметиме како малечкото девојче со протези на забите, но денес израсната во маркантна девојка која заведува со глас, стас и со бисерната насмевка која може да се каже дека стана нејзин заштитен знак.
Детските здолништа и фустанчиња ги замени со урбани модни парчиња кои не ретко ја истакнуваат нејзината езготична линија, а не е изненадувње од неа и кога ќе покаже повеќе сексапил на фотографиите кога позира во мини бикини на разни дестинации низ светот.
View this post on Instagram
Ања сигурна работи на себе и своите вокални квалитети, но и добро сфатила дека да се биде познато и успешно музичко име треба да се спојат многу коцки кои таа вешто ги собира и спојува на вистинскиот начин.
Иако најмногу е во Америка, не го остава македонскиот музички пазар, па и српскиот.
View this post on Instagram
Неодамна ја промовираше нејзината најнова песна на српски јазик насловена „За петама“, на која работеа Александра Милутиновиќ и Дарко Димитров.
Ања веќе со овој музички чекор се почесто е во Белград каде е гостинка во разни емисии од музичко-забавен карактер.
View this post on Instagram
Летовите преку „големата бара“ до Балканот и станаа секојдневие, а не нема сомнеж дека оној кој се бори и е на вистинскиот пат – ќе стигне далеку!
Само напред Ања!
фото:Инстаграм/Фејсбук/Ања Ветерова