Најпозната македонска стриптизета цела година е или под светлата на ноќните клубови навачер или под неонот на најпознатиот македонски секс шоп, среде центарот во Скопје, каде е дел од персоналот преку ден!
Затоа Ани – „црна мачка“ реши да излезе на сонце! И тоа не било кое, туку оноа египетското, кое нивната стара цивилизација го поимаше со божество.
Така „Црна мачка“ заврши во едно од најпознатите египетски летувалишта, познатата Хургада! Или што би рекла самата: „Клеопатра пристигна“!
Кај нас топло, ама таму – пекол! Толку многу што и онака жешката Ани, се запали… До душа „Црна мачка“ не покажа кој ја мачка за да не изгори, ама затоа покажа кој, односно, како се гаси кога е запалена!
Хотелското базенче со шанкот во вода и е најблизу, па тука Ани си ја лади… И ставата и душата. Црешите биле во мода, па стриптизетата го покажа бикинито со апликации од цреши, а и со сокче од цреша се освежува… Единствено „црешите“ под горниот дел од бикините овој пат не ги покажа…
Ама затоа сексапилната стриптизета покажа нешто друго. Најпрвин додека се релаксираше, покажа каде и завршува тетовираната роза на стомачето…
А, по пупачето и ружичката, мачето ги зеде кофичката и лопатката, па клекната на песокот и покажа „како го буди детето во себе“!
Штом се врати дома, веднаш се фати за својата работа, па така раскомотена на горештината, сакаше само да потсети: „Како би го разбудила детето“… во тебе!
А, „дете како дете“… Штом го „разбудиш“, мисли само како да си „поигра“, па веднаш се фаќа за… „играчката“!