Српската актерка Анѓелка Прпиќ, нам позната од ТВ серијалот „Андреја и Анѓелка“ доживеа пријатно изненадување во супермаркетот.

Всушност, таа отиде во шопинг со својот син Јакша, а додека бараше сè што ѝ треба за домаќинството, забележа нешто што мораше да го сподели со своите пријатели и следбеници.

Имено, малиот Јакша откако го забележал ликот на неговата мајка на рекламниот бане,и пристапил на фотографијата и ја прегрнал.

„Ако некој има со нешто послатко да пофалии, нека крене рака“ – напишала пресреќната и горда мама Анѓелка.

Веруваме дека оваа сцена исто така ги разнежни и Вашите срца?