Радио Милева професионална

Анѓелка Прпиќ за експлицитните сцени: „Секогаш ќе се соблекувам за добри улоги“

Анѓелка Прпиќ за експлицитните сцени: „Секогаш ќе се соблекувам за добри улоги“

Анѓела Прпиќ важи за некој кој нема влакна на јазикот, а сега призна дека уживала додека ги снимала голите сцени во филмот „Једини излаз“.

Познатата актерка во овој филм ја игра главната улога Ана Колар, а нејзините секси сцени под туш  го привлекоа вниманието на јавноста, посебно на машката популација.

„Уживав снимајќи секој ден. Кога станува збор за голите сцени, возбудлив е фактот дека морате да дадете се себе затоа што тоа што ќе го забележи камерата останува засекогаш“, изјави Прпиќ.

Актерката истакна дека е професионалец и дека внимателно бира која улога ќе ја прифати.

-Мислам дека е апсолутно оправдано што снимив сцена под туш. Секогаш ќе се соблекувам за добра улога“, изјави актерката.

фото: принтскрин/ата имагес

To top