Радио Милева нова романса

Анѓелка Прпиќ по разводот има нова љубов: Актерката го „смувала“ бившото момче на Александра Радовиќ

Анѓелка Прпиќ по разводот има нова љубов: Актерката го „смувала“ бившото момче на Александра Радовиќ

Aктерката Анѓела Прпиќ претходната година се разведе од Дарио Прпиќ со кој беше девет години во брак, а сега наводно има нова љубов.

Како што пишува курир.рс, Анѓелка е во врска со поранешното момче на Александра Радовиќ, бизнисменот Срѓан Стојановиќ.

Според пишувањата тие се познаваат долго време, а наводно Анѓелка  често седи во локалот кој е во сопственост на нејзиното ново момче.

фото: инстаграм

Иако ретко зборува за својот приватен живот, Анѓелка неодамна во емисијата „Држ га, Божо“ на К1 телевизија откри дека е разведена жена.

„Разводот не значи војна, ние и понатаму сме семејство. Едни на друг сме најблиски без разлика на која адреса живееме. Не се каам за ништо. Немам потреба да кликнам на „избриши“. Напротив, како јавна личност имам одговорност да ги зачувам“, изјави Прпиќ на почетокот на декември.

To top