Старлетата Анѓела Вештица се пожали дека се чувствува многу лошо и дека и треба помош.
Имено, Анѓела на Инстаграм објави порака која ги загрижи нејзините обожаватели, во која итно бара помош од медицинска сестра бидејќи се чувствува лошо и се плаши дека нејзината состојба ќе се влоши уште повеќе доколку не добие соодветна инфузија:
-„Многу сум болна, ако има некоја медицинска сестра, известете ме, ми треба инфузија. Ве молам, без шега, навистина ми е лошо“ – напиша Вештица во објава на Инстаграм приказните.
После тоа, таа објави дека е уморна и својот роденден ќе го прослави во болница:
„Среќен ми 30-ти роденден во болница. Јас сум во многу тешка состојба. Нема да се јавувамдо понатамошно известување. Имам температура од 40 степени“ – додаде таа.