Радио Милева неутешни

„Ангелу наш, осветли ни ја оваа ноќ“ – се огласи семејството на Марија Ќурчиќ, водителката која си го одзема животот (ФОТО)

„Ангелу наш, осветли ни ја оваа ноќ“ – се огласи семејството на Марија Ќурчиќ, водителката која си го одзема животот (ФОТО)

Марија Ќурчиќ (25), водителка, модел и една од најпознатите клаберки во Белград, како што е познато, изврши самоубиство во неделата, на 11 ноември, околу 23 часот во изнајмен стан во Белград.

Бројните пријатели и познаници се огласија на социјалните мрежи за трагедијата што сите ги шокираше, бидејќи Марија беше позитивна и насмеана личност која, како што им кажаа на родителите, не се пожалила или покажала дека има некој сериозен проблем, особено не од такви размери за да посегне по сопствениот живот.

Марија зад себе го остави своето ожалостено семејство,  мајката Марија (новинар и водителка) и таткото Ѓорѓе (гитарист на познатата реге група Дел Арно бенд), како и нејзината сестра. Семејството се огласи со некролог.

„Макице, ангелу наш, осветли ни ја оваа ноќ“ – татко, мами и Цока.

Фото: Инстаграм принтскрин и Политика

To top