Селекторот Игор Ангеловски денес го соопшти списокот од 26 играчи со кои ќе настапиме на ЕУРО, во група сме со Холандија, Австрија и Украина.
Ангеловски се потпира на проверени сили и играчи со кои стигна до пласман на континеталниот шампионат, а Мрме најде место и за најмладиот дебитант во историјата на македонскиот репрезентативен фудбал, Дарко Чурлинов кој е единствен наш играч кој настапува во Бундес лигата.
Селекторот смета дека на ЕУРО нема да бидеме „топовско месо“, дека ќе играме на резултат и дека ова се најубавите моменти за македонскиот репрезентативен фудбал.
„ Можам да и ветам на нацијата дека сите играчи се ќе направат да бидеме горди, целам високо, ја поставив целта да се бориме за пласман во следната фаза, мислам дека можеме тоа да го направиме на ЕУРО“ – изјави Ангеловски.
Ова е комплетниот македонски состав од 26 играчи за ЕУРО 2021:
Извор: Дриблинг.мк