Манекенката Алексина Греј која претходната година стана дел од брендот „Виктроија Сикрет“ на социјалните мрежи објави дека е заразана од корона и ги предупреди сите да се чуваат.
Моделот истакна дека симптомите биле многу тешки и дека е хоспитализирана. Таа објави фотографија од болница со маска на лицето, а потоа опиша кои симптоми ги почувствувала.
„Повраќав неколку пати на ден. Имав висока температура и треска. Не можев да кажам цела реченица, едвај дишев“ вели Алексина и додава:
„ Не можев сама да влезам и да излезам од кадата. Ми беше потребна помош за да излезам од кревет. Не можев ни нормално да јадам“, додава ангелот на „Викторија Сикрет“.
Таа апелираше на сите да останат дома во изолација.
„Ве молам, сфатете го ова сериозно. Ве молам останете дома сами или со кој и да живеете. Ова е страшно“, додава моделот.