Радио Милева с*екси крој

Анѓела Јакимовска подготвена за настапот на атрактивната „Ураганката“: Убавицата се појави со спушена прерамка или само таков беше моделот? (фото)

Анѓела Јакимовска подготвена за настапот на атрактивната  „Ураганката“: Убавицата се појави со спушена прерамка или само таков беше моделот? (фото)

Нeкогашната водителка на најгледаниот естраден ТВ магазин – „Бекстејџ“,  мисицата Анѓела Јакимовска, жешките денови ги поминува во Будва, каде ужива во морето и во сонцето.

Убавицата одлучи  од одморот да сподели детали на социјалните мрежи препуштајќи му се на морскиот шарм и поттикнувајќи ги сите кои сѐ уште не заминале да го направат тоа.

На кратките Инстаграм приказни таа сподели видеа од погледот кон лежалките и морето но, потоа ја сврте камерата и кон себе и на сите им го привлече вниманието со моделот на фустанот на себе.

Имено,  таа присувствувала и го носела  на настапот на атрактиванта екс „Ураганака“, Сања Вучиќ во Будва, за што се пофали и ја тагна познатата пејачка покажувајки ја во фокусот на камерата

Анѓела насмевката не ја тргаше од лицето, а провоцираше и со уникатното моделче летно фустанче. Нејзината тенка прерамка беше закачена за долниот дел иако на прв поглед се чини дека е спуштена со намера со што личеше дека само одбрала  с*екси крој со кој го распамети посилниот пол.

Анѓела покажа дека деновите од одморот и се исполнети со забава, а дека одлично поминува и е задоволна се гледа и од емоцијата на нејзиното лице.

Мисицата  неодамна се проба и во светот на глумата каде доби улога во  турската љубовната серија „Балканска приказна“ каде нејзината улога е на турки јазик кој што го изучува за потребите на серијата.

Фото: Принтскрин/Инстаграм/Анѓела Јаимовска

To top