Радио Милева позитивна енергија

Ангел на „Викторија сикрет“ е помеѓу фановите на Сека: Познатата манекенка се забавуваше на настапот на Алексиќ (фото)

Ангел на „Викторија сикрет“ е помеѓу фановите на Сека: Познатата манекенка се забавуваше на настапот на Алексиќ  (фото)

Сека Алексиќ е пребукирана со настапи во текот на целата летна сезона, а неодамна настапи во една позната дискотека во Будва, каде пред публиката се појави на многу заводлив начин.

Многумина веќе подолго време коментираат дека пејачката изгледа и зрачи подобро од било кога, а доказ за тоа е нејзината позитивна енергија, но и линијата која гордо ја покажува.

Нејзиниот настап го посети и светски познатата манекенка од Бразил и поранешна манекенка на „Викторија Сикрет“, Алесандра Амбросио, која со семејството летува во Будва. Судејќи по сликите и приказните, таа одлично се забавува, па решила да се почести со излегување во градот, па така завршила во клуб во кој пеела Сека Алексиќ.

– 100% нон-стоп забава – напиша Алесандра и ја закачи објавата кај Сека додека таа го пееше нејзиниот познат хит „Црно и златно“.

Најпознатата манекенка од Бразил спортува и на одмор, што е доказ дека никој не може да има ваква фигура без физички активности.

Фото:Принтскрин/Инстагарм/Александра Амбросио/Сека Алексиќ

To top