Радио Милева Галама

Анета – Молика на гости кај Жаре – Бербер: „Сакам да се напијам, почнав да пијам во короната“ (ВИДЕО)

Анета – Молика на гости кај Жаре – Бербер: „Сакам да се напијам, почнав да пијам во короната“ (ВИДЕО)

Во последното издание од полусезоната на „Галама шоу“, Жаре креваше галама во друштво на македонската Витни Хjустон која со својот ангелски глас никого не остава рамнодушен. Помеѓу сите патувања, гостувања, настапи и со „живот на тркала” Анета Мицевска успеа да ги почести со своето присуство во ова шоу.

А, четвртото издание на „Галама шоу “ со Жаре Бербер не смееше да помине и без првата Мис на Македонија. Денес како времето да застанало во 1996-та и воопшто не оставило трага на нејзината убавина. Подеднакво е убава и згодна како и пред 25 години, една и единствена, некогашната мисица и модел, денес ТВ водителка Вера Мештеровиќ.

Опуштен разговор од кој се дознаа многу работи кои не сме ги знаеле до сега, како на пример на прашњето на Жаре до Анета: „Знаеш ли понекогаш да се напиеш“?

„Пијам да, сакам да се напијам“ – одговори Анета и додаде:

„Се имам напиено, расположено, од 1 до 10…  9 и пол, тука негде“. Знаеш кога почнав да пијам? Почнав така да си пијам за време на короната, пред тоа не“ – одговории фолк пејачката, на што Жаре се надоврза:

„Значи, ти си тазе алхохоличар?!“ , а Анета одговори:  „Да, тазе… ама далеку од алкохоличар“!

Што се’ друго беше кажано и која песна Анета и Вера ја испеаа во дует погледнете во видеото во продолжение:

To top