Иако разводот од поранешниот сопруг Бред Пит сè уште не е завршен, Анџелина Џоли, наводно, почнала врска со колега, со кого долги години биле пријатели.
Се работи за познатиот глумец Џеред Лето (46).
Неименувани извори за американските таблоиди говорат дека тие двајца во последно време често се заедно, но причинна за тоа може да биде и тоа што Џеред ѝ понудил улога на Анџелина во негов нов филм.
Многу од обожавателите коментираат дека, доколку ова е точно, само покажува каков тип мажи сака глумицата, бидејќи Џеред во многу нешта наликува на Бред.