Радио Милева

Анџелина Џоли се сели од Америка: „Ми е гајле за Бред, одам преку океанот“

Анџелина Џоли се сели од Америка: „Ми е гајле за Бред, одам преку океанот“

Анџелина Џоли (44) во последното интервју призна дека е подготвена да живее во Лондон и дека планира да се исели од Америка.

Иако оваа идеја не му допаѓа на нејзиниот поранешен сопруг Бреди Пит, актерката веќе купува станови во Европа и сака да се пресели.

„Сакам да живеам некаде далеку преку океанот. Тоа ќе го направам кога моите деца ќе наполнат 18 години. Сега морам да живеам таму каде што е нивниот татко, а ми е гајле за Бред Пит“ изјави актерката за декемврскиот број на “Harper’s Bazara”.

фото: тањуг ап

„Анџелина веќе купува станови низ Европа и наскоро планира да се пресели. Таа веќе поднесе судска процедура со која бара дозвола за преселување. Мака и е од Лос Анџелес, сака да оди во Лондон“ тврди извор близок на актерката.

„Веќе разгледуваше станови во централниот дел на градот, а сака и една луксузна вила во Франција која ќе и служи за одмор. Таа е сигурна дека судот ќе пресуди во нејзина корист и подготвена да го избрише поранешниот сопруг од својот живот“ вели изворот.

Холивудксата актерка не се огласи по повод овие пишувања.

To top