Радио Милева Ултра скапо и вредно дело

Анџелина Џоли продава подарок од Бред Пит: Актерката 10 години ја чувала оваа драгоценост

Анџелина Џоли продава подарок од Бред Пит: Актерката 10 години ја чувала оваа драгоценост

Холивудската актерка Анџелина Џоли продава слика што ја добила од поранешниот сопруг Бред Пит пред 10 години, а цената на уникатната слика се движи помеѓу 2 и 3,4 милиони долари.

Имено, тоа е слика насликана од британскиот воен премиер Винстон Черчил (1874 – 1965) за време на Втората светска војна и се очекува на аукцијата да достигне огромна цена, известуваат странските медиуми и Си-Ен-Ен.

Имено, Черчил ја насликал „Кулата на џамијата Кутубија“ во Маракеш, Мароко откако присуствувал на конференција во Казабланка во јануари 1943 година и му ја подарил на американскиот претседател Франклин Д. Рузвелт.

фото:профимедиа

Актерот Бред Пит ја купи истата слика во 2011 година од трговец со уметнички дела и ја подари на својата партнерка Анџелина, со која има шест деца. Двојката подоцна се разведе во 2016 година по две години брак, а нивниот развод сè уште не е комплетен во однос на финансиите.

Черчил го насликал делото веднаш по воениот самит, на кој се договорил со Рузвелт за следните фази на заедничката стратегија против нацистичка Германија. Вредноста на сликата се движи од два до 3,4 милиони долари.

– Тоа е единственото дело што Черчил го насликал за време на војната, можеби охрабрен од напредокот на сојузниците, во земја што ја сметаше за една од најубавите што ги видел – рече Ник Орчард.

Ник рече дека сликата ја става на продажба „ Jolie Family Collection “.

To top