Холивудската актерка Анџелина Џоли беше фотографирана во паркот за кучиња во Лос Анџелес како заедно со децата продава храна.
Оваа фотографија немаше да ја види светлината на денот ако нејзината колешка Сара Рамос не ја објавеше на социјалните мрежи и откри дека познатата актерка и тоа како е хумана кога не ја следат камери и папараци.
На фотографијата се гледа Анџелина со своите три деца – близнаците Нокс и Вивиен, како и Шајло, заедно продаваат храна за кучиња, со цел парите да се донираат на здружението “Надеж за шепите”, кое се грижи за напуштените кучиња.
– Јас не знам зошто Бог ме одбра да кажам оваа приказна, но пред неколку месеци отидов во паркот и ја видов Анџелина Џоли како продава органска храна за кучиња – напиша младата актерка на Инсатграм.
Кога фотографијата почна да кружи по портали, на Сара и беше жал дека со овој потег ја нарушила интимата и јавно сподели нешто кое што Џоли не сака да се види.
Анџелина е во емотивна криза по разводот од Бред Пит, а секој слободен миг го користи да биде со своите деца, а овој пример на хуманост допре до многумина.