Радио Милева

Анџелина Џоли пијана и се јавила на Џенифер Анистон поради Бред Пит

Анџелина Џоли пијана и се јавила на Џенифер Анистон поради Бред Пит

По средбата на поранешните холивудски сопружници на SAG наградите, Бред Пит и Џенифер Анистон, во светските медиуми се појавија шпекулации дека тие по многу години решиле повторно да си дадат шанса.

Уште пред оваа свечена церемонија, тие наводно се зближиле, а тогаш беше само моментот кога ги засилија нагодувањата.

фото:профимедиа

Освен што странските медиуми се распишуваа за Бред и Џенифер, во фокусот повторно е и поранешната сопруга на Бред, Анџелина Џоли за која тврдат дека пијана ѝ се јавила на Џенифер и дека наводно ја предупредила на однесувањето на нејзиниот поранешен сопруг.

Како што пишуваат од магазинот „NW“, Анџелина под дејство на алкохол ѝ се јавила на Џенифер и ѝ оставила нималку пријатна порака на телефонската секретарка:

фото:анџелина џоли/инстаграм

„Ѝ кажала дека Бред ја изневерува и дека тој никогаш нема да се промени“ – раскажал извор за споменатиот магазин па додал:

„Џенифер не ѝ поверува ниту за момент. Ова не е нивниот прв конфликт и единствено за што Џенифер моментално размислува е колку е жално тоа што децата на Анџелина мора да ја гледаат својата мајка во такво издание“ – заклучил изворот на крај.

To top