Се шпекулира дека Анџелина Џоли е во врска со Ејбел Маконен Тесфеј познат како „Тhe weekend“ . Овие шпекулации започнаа откако беа забележани дека поминуваат многу време заедно, а и актерката избегнува да зборува на таа тема.
Сепак, на прашањето на водителот Џастин Силвестер дали нејзините деца се повеќе возбудени поради нејзината улога во новиот филм „Eternals“ или поради пријателството со Д Викенд, Анџелина одговорила:
„Многу се возбудени поради овој филм… Ако тоа ме прашувате“, рекла Џоли, па погледнала во колешката Селма Хајек и повторно со пригушен тон додала: „Многу се возбудени поради овој филм“.
Анџелина неколкупати беше забележана на вечера со пејачот, а на луѓето им рекоа дека наводно се само пријатели.
Извор близок на парот за „Us weekly“ изјави: „И Енџел и Абел им кажуваат на луѓето дека само се пријатели, но оние кои познаваат мислат дека нешто романтично се случува“.
Иако Анџелина Џоли и Бред Пит се разделија во 2016 година, тие официјално се разведоа во 2019.
фото: Профимедиа