Иако пред шест години ставија точка на бракот, проблемите на Анџелина Џоли и Бред Пит не завршија тука. Поранешната најубава двојка на Холивуд со години се бори за старателството над малолетните деца, а покрај тоа, во тек е битката и за луксузни недвижности стекнати за време на бракот.
Меѓутоа, за работата да биде уште полоша, се појавија фотографии од модринките на Анџелина на рацете, за кои таа тврди дека и ги нанел поранешниот сопруг.
Актерката тврди дека повредите и ги нанел Бред Пит за време на лет со нивниот приватен авион во 2016 година. Имено, Анџелина изјавила дека Бред, кој бил под дејство на алкохол за време на летот, ја однел во тоалетот во задниот дел на авионот, ја фатил за раменици и ја тресел додека викал дека им го уништува семејството, според Извештајот на ФБИ, пренесува „Страница шест“.
Нивните две малолетни деца пред тоалетот плачеле и викале „Мамо, добро си?“, тврди Анџелина.
Photos of Angelina Jolie’s alleged bruises from Brad Pitt during horror flight revealed https://t.co/nFIV9ZAtgU pic.twitter.com/6zizQcUxmy
— Page Six (@PageSix) August 18, 2022
Како што се наведува во извештајот, на крајот двете страни се договориле дека нема да се покрене обвинение, но Анџелина сега повторно ја започнала старата приказна, а се претпоставува дека се обидуваат сите можни средства да го добие старателството над децата, наведува весникот. Бред Пит ги негираше сите обвинувања, а каков е епилогот ќе видиме.