Актерката Анџелина Џоли проговори за здравствените проблеми, а посебно е горда што семејството се поддржало во најтешките моменти.
Имено, извор за „E News“ потврди дека Анџелина и Бред биле заедно додека нивните ќерки биле во болница. Бред дури не присуствувал на БАФТА наградите за да биде покрај нив.
Двете ќерки на Анџелина и Бред, Захара и Шаљо во последните два месеци завршија во болница, а актерката во емотивна исповед за „Есеј“ проговори за семејната приказна.
„Во последните два месеци се соочив со операциите на своите две ќерки. Прво во операциона сала заврши мојата 15 годишна ќерка Захара, а потоа мојата помала ќерка Шаљо мораше да го оперира колкот“ вели Џоли.
„Тие разбираат колку е важно да имате поддршка кога поминувате низ здравствени проблеми и колку мора да бидат трпеливи додека оздравуваат“ вели Анџелина која цело време била покрај ќерките и спиела во иста соба.
„Можеби повеќе не се заедно како пар, но посебно внимание посветуваат на родителството. И двајцата покажаа дека се грижливи родители кога станува збор за децата“ вели извор.