Македонската учесничка во “Ѕвездите на Гранд“, атрактивната Андријана Петрушовска со својот настап во последното издание ги скара членовите на жирито на најпознатото регионално музичко шоу.
Имено, по нејзиниот настап изби жестока полемика, каде најмногу во клинч влегоа нејзиниот минатогодишен ментор Ѓорѓе Давид и овој сегашниот, Александар Милиќ Мили. Андријана инаку се најде во дуел со Вања Јовановиќ која доаѓа од тимот на Снежана Ѓуришиќ, а конечниот резултат гласеше 4:3 за нашата кандидатка.
Но нејзиниот настап не помина без кавга и радикално поделени мислења меѓу членовите на жирито. Така на пример, Марија Шерифовиќ овој пат не беше воодушевена со изборот на песните на атрактивната Македонка, а нејзиниот настап го оцени како просечен, истакнувајќи дека во претходниот круг била далеку подобра:
„Песната ‘Море од пелин’ е мојата омилена баладна, но ти викаше. Ниту ја доживеав ниту почувствував, ништо не се случи. Викаш како да се караш, правиш чуда.И втората песна не ти легна, имаше фалшеви.Тоа се причините зошто не гласав вечерва“ – изјави Марија за Андријана, а Цеца Ражнатовиќ го сподели со неа своето мислење.
„Беше надвор од интонација, но од друга страна ми блескаше“ – додаде таа.
Ана Бекута пак, ја пофали Андријана: „Се гледа колку ја познаваш оваа работа. Те слушав на една прослава, пееше се’, од Силвана до Нирвана. Браво Андријана! Мојот глас секогаш ќе го имаш“ – и порача Бекута.
Вики Миљковиќ откако го преиспита своето мислење и го спореди со она на колегите, само кусо порача: „Мене Андријана ми беше никогаш подобра. Ти имаш став, појава си“ – и рече Вики!
Последниот збор го имаа менторите, кои за малку што не се фатија за врат, откако Мили тврдеше дека дури под негова закрила Андријана пропеала онака како што треба!
На тоа жестоко реагираше Ѓорѓе Давид, кој демантирајќи го колегата, тврдејќи дека Петрушовска токму најдобрите настапи ги имала кога била кај него во тимот, потсетувајќи ги сите на нејзиниот настап во полуфиналето, кога ги пееше песните на Марија Шерифовиќ и Јелена Карлеуша, кога како што рече, со својот стајлинг и интерпретација тогаш ги надминала сите.
“Тоа беше врвот на врвовите и не верувам дека некој ќе го достигне со неа“ – рече Ѓорѓе, по што Мили се најде повикан.Страстите во студиото се разбрануваа, но „клинчот“ го спречи Шерифовиќ:„Саша прекини ги овие глупости“ – му рече Марија на крајот.
Настапот на Андрија погледнете го на 59.00 минута од видеото…