Радио Милева заштитно лице

Андријана Јаневска во училишна рекламна кампања: „Првачиња, вторачиња, одберете шах“! (ВИДЕО)

Андријана Јаневска во училишна рекламна кампања: „Првачиња, вторачиња, одберете шах“! (ВИДЕО)

Позната македонска пејачка, врвен виолинист, музички педагог… Андријана Јаневска една о оние пејачки за кои важи дека имаат апсолутен слух, совршен вокал, вешти прсти, долги нозе и манекенска става… При тоа, покрај што е  врвен музички профсионалец, таа е и жена домаќинка, посветена мајка и сопруга, а во последно време и моторџика со авантуристички дух.

Но малкумина знаат дека Андрјана Јаневска е и пасиониран љубител на шахот. На таа древна игра во која умот царува, интилигенвијата преовладува, надмудрувањето е визија, а победата сатисфакција која ја промовира имагинацијата за големи нешта. Андријна шахот го владе и игра од мали нозе, игра во чии тајни ја внел уште како малечка  нејзиниот татко.

Токму македонската музичка ѕвезда е онаа на која падна изборот на Шаховската федерација на Македонија, да биде познатото лице во рекламното, едукативно видео кое ја афирмира оваа игра на надмудрување на интелектот и тоа не случајно.

Имено, како што е веќе познато и обзнането од септември годинава, шахот станува еден од изборните предмети за учениците во прво и второ одделение. Токму затоа Андријана Јаневска и се приклучи на кампањата за избор на шахот како еден од изборните предметти за „првачињата и вторачињата“ кој сакаат да навлезат во тајните и да ги совладаат вештините на оваа древна игра, но и нешто многу повеќе. Зашто како што вели текстот на самото видео во рекламата, шахот не е само игра и забава, а отсега и изборен предмет…

Шахот е многу повеќе од тоа, зашто ја зголемува концентрацијата, ја подобрува меморијата, ја зголемува интелигенцијата, го зајакнува логичкиот начин на размислување, ја поттикнува мотивацијата, учи на независност, ја промовира имагинацијата… Токму затоа од септември шахот влегува во училиштата, а децата на таа возраст ја формираат личноста, карактерот, стекнуваат работни навики, ја развиваат логиката… На некој начин се формираат како луѓе, а шахот неспорно во тоа ќе им помогне. Затоа одберете го шахот – порачува Андријана Јаневска во видеото кое го снимила како поддршка во рекламната едукативна кампања за воведување на шахот во основните училишта.

Или како што некој рече:

„За да не дозволите (и) на Вашето дете цел живот некое ‘пионче’ да му изигрува ‘кралица’, уште отсега покажете му го патот како да стане кралот… Поучете го за изборен предмет да го одбере шахот!“

To top