Радио Милева сезона на влажни сништа

Андријана Јаневска е сирена на суво: Костимот за капење е тука, уште Ковидот да помине…? (ФОТО)

Андријана Јаневска е сирена на суво: Костимот за капење е тука, уште Ковидот да помине…? (ФОТО)

Пеколот започна… Кога се летните температури во прашање секако, зашто оној другиот – здравствениот, не ни завршил… Всушност, за жал, допрва се разгорува! Економскиот допрва ќе го дочекаме, па пред да се соочиме со уште еден нов бран сурова реалност, на сите умот ни го преплавуваат емоциите и сеќавањата, полни со слики од она што сме го правеле минатите години во ова време. Море или езеро, песок, плажа, лежалка… и сите останати реквизити за комплетно уживање во летниот рај, за кој во моментов само можеме да сонуваме.

Но, бидејќи надежта умира последна, прва и ни се мота низ главата, дека можеби набргу се’ ќе се среди и пак ќе биде по старо, па ова лето можеби нема кој знае колку да се памти, ама барем малку ќе може да се чепнеме од неговите убавини. Со вакви мисли сме сите, па и таа, македонската виолинистка, пејачка и музички педагог, Андријана Јаневска.

Во две паузи помеѓу славењето на 10 годишнината од својот брак… и работата во студио како придружен вокал во песните од материјалот за новиот албум на Влатко Стефановски, кој наголемо се подготвува, Андријана и себеси, а и нас не потсети дека е сирена… Ама на суво!

Во отсуство на можност на го облече на плажа, пејачката си го облече едноделниот костим за капање по дома… Чисто од практично – носталгични причини. Да провери дали се’ уште така добро и стои, а и да биде подготвена веднаш штом ќе и се пружи првата можност, да замине некаде да го навлажни!

А дека Андријана Јаневска е риба и пол и на суво, не треба многу да се зборува. Приложеното на споделените фотографии само кажува како изгледа долгоногата виолинистка подготвена за летните предизвици. Иако е мајка на две дечиња, пејачката има линија како од насловниците на модните магазини. Тело – вретено, долги нозе како за на модна писта и сите останати атрибути кои мамат влажни погледи… дури и на суво!

Костимот за капење е тука, уште Ковидот да помине… Арно ама…? Како и да е Андријана Јаневска ја отвори сезоната… на влажни сништа!

До првата можност да сподели најнови фотографии од плажа, ние ќе ја потсетиме и пејачката и вас, како изгледала нејзината летна (аван)тура, кога Андријана го вжешти песокот во црвено бикини, отприлика ова време, пред две години.

https://arhiva.vistina.com.mk/radio-mileva/noze-dolgi-kako-godina-andrijana-janevska-go-vzeshti-pesokot-vo-crveno-bikini-foto/?w3tc_note=flush_all

 

To top