Актерката Александра Томиќ и актерот Андрија Милошевиќ за првпат станаа родители.
Александра се породила со царски рез и на свет донесе момче за кое го одбраа името Реља.
Инаку, името Реља е популарно машко име кое припаѓа на традиционалните и старословенските имиња, познато од античко време и често им се дава на машките деца, а особено е популарно во последните години во Србија.
Името Реља има значење – „некој кој е вредан како злато“ „некој кој е полн со енергија“.
Наследникот на популарниот пар се родил 3 килограми и 300 грама.
фото: инстаграм/andrijamilosevic_official