Андреј и Панчо му се придружија на „проектот Среќа“ и кампањата „И јас сум Дедо Мраз“ која има за цел да обезбеди голем број на новогодишни подароци за децата кои живеат во сиромаштија.
Тие двајца се меѓу првите јавни личности кои имаат голем број следбеници на социјалните мрежи што се приклучуваат кон оваа кампања, за да ја промовираат, а и самите да станат дел од неа. Затоа обајцата решија да одвојата дел од својот хонорар и да купат новогодишни подароци за децата. Убаво ги завиткаа, а потоанапрваија неколку фотографии кои ги објавија на социјалните мрежи со хаштаг #ијассумдедомраз #проектсреќа. Не за да се пофалат дека ете и тие биле хумани, напротива… Туку за да ги мотивираат сите граѓани, но и компаниите и институциите да го сторат истото.
Потоа обајцата ги обуја чевлите на Дедо Мраз… и тргнаа во возможна мисија: Да докажат дека имаат иста ДНК со дедо Мраз! Ама, бидејќи тој е еден, а тие се двајца… Панчо беше Дедо Панчо Мраз, а Андреј… Баба андреј Мразица! А, мисијата… Целосно исполнета! И тие и децата – среќни и насмеани!
Споделената фотографија како потврда на Интернет: Андреј и Панчо имаат иста ДНК како и најсаканиот дедо на овој свет!