Радио Милева чикаго стил

Андреј и Панчо во американски филм: Урбаните каубоји од бетонската чикашка џунгла (ФОТО)

Андреј и Панчо во американски филм: Урбаните каубоји од бетонската чикашка џунгла (ФОТО)

Членовите на популарното македонско ар-ен-би дуо Андреј и Панчо се во САД.  Каубојите од урбаната чикашка џунгла не е насловот на некој нов филм во кој момчињата од ДНК играат. Тие се актери во својот филм… или поточно своето ново видео.

Нив како и половина македонска естрада ги зафати „новата треска“ – да се снимаат спотови во странство. Викторија Лоба на Миконос, Влатко Лозановски и Магдалена Цветковска во Турција, Елена Ристевска во Грција па сега во САД, Тамара исто така во Грција, Нокаут во Црна Гора… До душа Куку леле тоа го почнаа први пред дваесет и пет-шест години со спотовите снимани во Австралија, Бразил, Амстердам…

Па и ДНК иако имаа одлични видеа снимени и овде решија да го фатат возобновениот тренд, па правец САД или поточно Чикаго. А таму, двајцата урбани каубоји ја искористија бетонската џунгла за кадрите на новото видео за песната „Кога би знаела се“… Па за да го реализираат, решија и самите ако не се’, тогаш барем што повеќе да дознаат за местото на прстојот.

Покрај работните мигови, Андреј и Панчо кадри испратија и од приватните моменти на престој и забава во ветената земја.

На лапање стек кај Мајкл Џордан, селфи со восочната статуа на Скоти Пипен и секако на НБА натпревар на „Булси“…

Нормално, покрај сето тоа уште илјада и една магија што ја нуди урбаната бетонска чикашка џунгла… И секако, голема благодарница за сите оние што им овозможија на Андреј и Панчо во својата музичка ДНК да вметнат и малку од американскиот сон… Кој за нив беше , барем накратко јаве!

Останатато ќе ви го раскажат тие. Што преку видеото за песната, што преку медиумите, што лично…

Ех кога би знаеле се’… за нив! Ама нема потреба… Зашто тогаш нема да има магија!

 

To top