Радио Милева музичка софра

Андреј-ДНК и другарите од средно покажаа што е тоа „мезе блуз“ (ВИДЕО)

Андреј-ДНК и другарите од средно покажаа што е тоа „мезе блуз“  (ВИДЕО)

Андреј од ар-ен-би дуото ДНК неодамна се врати од престојот по Скандинавија. Шведска, Данска… виа Скопје, зашто само дома си е дома.

А дома, покрај сето останато те чекаат сите драги луѓе, меѓу кои пејачот на ДНК најде време и за другарите.

И тоа не било кои, туку на купче повторно се собра дружината од средно… Од трета средно музичко! Малку подпроменети во изгледот, ама само малку… Но, не и во навиките. А дружбата не е дружба без две нешта: ако нема софра и песна!

А кај нив ги имаше и двете. Масата како што е редот – полна, празник за очи и за гладниот стомак, а песната – мелем за душа! И тоа не било каква и било која.

До душа во ваква пригода можеби повеќето пеат поинакви песни, ама „веселата дружина од средно“ на Андреј – ДНК си остана верна на идеалот, па запејаа… „блуз на софра“!

„Похована даска“ и мешано мевце на скара, најдобро одат со пивце и… „I’ve been trying…“!  Анплагд  „мезе блуз“ со акустична гитара, усна хармоника и три вокали, ама не и на суво… Затоа: „Шефе, дај уште една тура“… За „дечкиве да се обидат“ уште еднаш… „I’ve been trying…“!

 

To top