Пејачката Андреана Чекиќ проговори за бурното раскинување со поранешниот свршеник Марко Милошевиќ.
Андреана откри по што ќе ја памети 2021 година.
-Мене ми беше убава година. Гледав да си угодам на себе, се радував што повторно работиме. Би сакала следната година да заврши пандемијата, да нема мерки, и да се вратиме во нормала. Ова ми изгледа како во затвор, вели пејачката за курир.рс
Чекиќ првпат проговори и за раскинувањето со Марко и нивната турбулентна врска.
-Се тоа ми се случи првпат во животот. Тогаш не сакав ништо да демантирам, ми беше тешко. Имаше многу невистини, многу луѓе се огласуваа и дава интервјуа…Не знаев што да правам, дали да ги тужам…Таа врска заврши. За ништо не се каам. И кога правев грешки бев во согланост со нив, вели пејачката.
Таа откри дали имала и физичка пресметка со момчето.
-Ајде вака да кажеме – имав бурна врска, а јас не сум конфликтна личност. Не сум научена да живеам со такво темпо и се вратив во првобитната положба. Што се однесува до разните написи, само ќе кажам – каде има дим, има и оган. Не би да навлегувам во детали, вели Чекиќ.
фото: принтскрин/инстаграм/андреана чекиќ/ало.рс