Фолкерката Андреана Чекиќ предничи во носењето перики, иако малкумина знаат да ги носат, со оглед на тоа што таа најмногу се држи до слични должини и нијанси на коса, кои варираат од црна до кафена.
Пејачката неодамна замина на одмор во Дубаи, а со својата најнова објава предизвика бурни реакции.
Имено, таа позираше во костим за капење, сосема природно и без периката која секогаш ја носи.
„Убава коса“, „Жена змеј“, „Не носи перики, подобро ти е вака“, се само дел од коментарите.
Инаку, Андреана своевремено на медиумите им посочи дека нема проблем постојано да носи перика.
“Пред сè, затоа што можам. Второ, затоа што ми заштедува време. Затоа што во денешно време периките се носат за забава, а не дај Боже и поради болест. На крајот на краиштата, кога Кардашијан го можат тоа, можам и јас”, објасни пејачката пред неколку години на сите оние кои се прашуваа зошто таа секогаш носи перики.
Фото: Принтскрин/Инстгарам