Андреа Иванова, од соседна Бугарија на само 24 години ја понесе титулата девојка со најголема уста на светот, а нејзината цел е да стане балканска барбика.
Бугарските медиуми досега неколку пати имаат пишувано за неа, а во земјата е вистинска атракција со направени над 30 корекции на устата.
Таа има примено 30-тина инјекции со филер, а на социјалните мрежи ја следат над 22 илјади следбеници.
Инаку освен устата, таа дала 3.500 евра за да ги зголеми градите, па сега освен устата има и гигантска предница која едвај ја собира во нејзиното деколте.
Таа за бугарските медиуми изјавила дека откако ја зголемила устата се зголемил и бројот на мажи кои ја контактираат за да се дружат со неа.
Андреа планира да го смени и целосно обликот на лицето и брадата за да биде совршена, а неодамна сподели и фотографија пред операциите со што следбениците беа разочарани.
„Таа изгледала совршено пред операциите“, се само дел од коментарите на многумина кои сметаат дека Бугарката буквално се унакажала.
Фото: Инстаграм принтскрин/andrea88476