Македонската фудбалска селекција ги прави последните подготовки за претстојните два квалификациски натпревари во Лигата на нации, од кој првиот го играме дома, на арената „Филип втори“ в сабота, на 13 октомври во 20.45 часот.
И додека уигрувањето на тактиката на селекторот Игор Ангеловски трае, тренингот на македонските репрезентативци го посети една вистинска македонска фудбалска легенда – првиот селектор на репрезентацијата, единствениот Андон Дончевски.
Популарниот чичко Дончо дојде да им даде поддршка, поттик и дополнителен мотив на македонските репрезентативни асови, а неговиот совет отсекогаш „вредел злато“!
Шапката долу за чичко Дончо и громогласен аплауз од сите репрезентативци на чело со селекторот Ангеловски.
Прв пријде го испочитува и да се поздрави најискусниот и најдобриот – капитенот Горан Пандев.
Андон Дончевски беше селектор на македонската фудбалска репрезентација која го одигра првиот официјален натпревар токму на истот ден кога играме со Лихтенштајн – 13 октомври, само во 1993 година или пред цели 25 години во Крањ и ја декласираше Словенија со 4:1.
Посакуваме посетата на чичко Дончо „да фати маја“ и успехот од пред 25 години да се повтори и в сабота на мечот со Лихтенштајн.