Актерката Анџелина Џоли беше критикувана затоа што ја „најмила“ својата малолетна ќерка Вивиен како своја асистентка на нов проект.
Анџелина Џоли и Бред Пит имаат шест деца, три посвоени и три биолошки, а сѐ уште има драма околу старателството над малолетните деца, вклучувајќи ја и Вивиен.
Самата Анџелина ги посвои Медокс (22), па Пакс (19) и Захара (18), а Пита ги роди Шајло (17) и близнаците Нокс и Вивиен кои имаат 15 години.ж
Бред Пит легално ги посвоил првите три деца и тие го носат и неговото презиме. Во моментов Бред и Анџелина „трчаат“ низ судот поради наводниот физички напад и винаријата што ја купиле заедно.
Нивната најмлада ќерка Вивиен Маршелин Џоли-Пит е во центарот на новите гласини за Анџелина Џоли. Оскаровката е извршен продуцент на новиот бродвејски мјузикл „The Outsiders“. Анџелина прв пат работи на Бродвеј, но и за прв пат ја вработи ќерка си како асистент.
„Таа ме потсетува на мајка ми Вивиен, бидејќи не сака да биде во центарот на вниманието, туку да поддржува други креативни луѓе. Таа е сериозна и внимателна кога е театарот во прашање и разбира како може да придонесе за проектот. “, накратко изјавила Анџелина.
Вивиен ќе биде ангажирана како нејзина асистентка. Мјузиклот е базиран на романот на С. Е. Хинтон и на истоимениот филм од 1983 година на Френсис Форд Копола. Тогаш „половина“ од младиот Холивуд глумеа во приказната за полнолетство – Том Круз, Роб Лоу, Патрик Свејзи, Ралф Макио, Мет Дилон и Дајан Лејн се само некои од имињата. Приказната следи две ривалски тинејџерски банди во рурална Оклахома.
Фото: Принтскрин/Профимедиа