Радио Милева Папарацо фотографии

Анџелина Џоли има ново момче милионер? Актерка во друштво на член на едно од најбогатите семејства во светот (фото)

Анџелина Џоли има ново момче милионер? Актерка во друштво на член на едно од најбогатите семејства во светот (фото)

 

Многумина се убедени дека Анџелина Џоли има ново момче, по папарацо фотографиите кои го обиколија светот.

Анџелина Џоли повторно е една од главните теми на светската јавност, а причината е нејзиниот љубовен живот.

Иако во последната година актерката беше поврзувана со нејзиниот поранешен прв сопруг Џони Ли Милер и со пејачот The Weeknd, како и со младиот актер Пол МекСал, кој се покажа дека се само многу добри пријатели, се чини дека на познтата убавица и фрли око, ни помалку, ни повеќе, туку од еден од најбогатите луѓе на денешницата.

Тоа е милијардерот и познат британски екологист Дејвид Мајер де Ротшилд. Парот беше фотографиран по тричасовен состанок додека го напуштаа познатиот ресторан во Малибу.

Анџелина постојано се смешка, но ниту Дејвид не остана имун. Цело време се гледале, а актерката флертувала со косата, велат извори кои биле на сцената.

Дека романсата е на повидок, а не деловна средба, фановите заклучија и од модниот избор на Џоли, која се појави во секси фустан со исечоци, кој досега го немаше облечено кога одеше на ручек или вечера со пријателите.

Носеше и темни наочари за сонце, но она што не сакаше и не можеше да го сокрие беше воодушевувањето и доброто расположение во друштвото во кое беше.

И додека Анџелина блескаше во црн елегантен фустан, Дејвид беше облечен во елегантно-лежерна облека. Носеше пар тегет панталони, сива кошула, јакна, црни мокасини и фанки риги чорапи.

Дејвид Мајер де Ротшилд е поборник за заштита на животната средина, а заедничко им е тоа што сака да ги предупредува и информира луѓето за глобалното затоплување, исто како и убавата актерка.

Токму поради сличните ставови и теми со кои се занимаваат, да не исклучиме дека оваа средба би можела да биде поврзана и со работа, но не е исклучено и да има некои искри меѓу нив кои би можеле да прераснат во нешто повеќе.

Фото: Принтскрин/Профимедиа

To top