Пејачката Анастасија Ражнатовиќ гостуваше во емисијата „Преживели “ кај Милан Калениќ каде зборуваше за своето семејство.
Таа откри како се бори за навредите на сметка за нејзините родители.
-Мене не ми е јасно кога некој ќе ми напише навреди на сметка на моето семејство, мојот татко, како бил ваков, онаков и сакаат да ме повредат со тоа. Јас не гледам на тоа така, започна Анастасија.
-Некој да ми направил нешто, никогаш не би очекувала од некој да се откаже од својот татко, па макар и да е најлошиот татко на светот, а мојот не беше. Јас сум горда што сум негово дете и што толку ја сакаше и бранеше нашата држава и засекогаш ќе бидам горда и ќе го сакам, изјави таа.
Анастасија истакна дека кога имала 12 години во училиште направила конфликт поради Цеца.
-Се сеќавам на училишните денови кога мајка ми беше дома со „наногица“. Имав 12 години и се правев потполно луда. Како ништо да не се случува, а сите весници пишуваа за тоа. Мајка ми беше на сите насловни страници. Се пишуваше што ќе биде, што нема да биде. Дека ќе ни ја земат куќата, ќе ни го земат старателството…Имав среќа што во училиште немаше злонамерни деца кои не ме прозиваа. Всушност, имаше едно девојче“, се потсети Анастасија.
-Тогаш првпат се тепав во училиште бидејќи ја навреди мајка ми. Нешто кажа за „наногица“. Иако сум мирна, кога станува збор за семејството и кога се случуваше таков хаос, ме преплови бесот. Кога некој ќе ти удари по мајка ти, а ти само неа ја имаш…вели таа.
Анастасија дека тогаш и „паднал мрак“ на очи.
-Таа во петок ми напиша на Фејсбук, јас во понеделник ја најдов во училиште и ја удрив, се степавме. Сите беа изненадени бидејќи јас бев дете кое не прави проблеми. Набргу по овој инцидент, мама одлучи да не однесе на Кипар, изјави Анастасија на К1 телевизија.
фото: принтскрин/јутуб/к1 телевизија