Анастасија Ражнатовиќ денес 25 мај, 2010 година го слави 23-от роденден и по тој повод реши да ја почести и изненади својата публика со дури две нови песни. Песните „Извини“ и „Готово“ ја здогледаа виделината на денот попладнево, а таа ги сподели за обожавателите со видеа за нив.
На првото видео, можеме да ја видиме Анастасија во стилот на Шерон Стоун во познатата сцена од филмот „Ниски страсти“, каде што седи на стол, игра и ги прекрстува нозете, додека мажите од публиката се потат.
На второто видео, Ражнатовиќ е во тинејџерски стил, со шарена перика и стајлинг полн со бои, а судејќи според коментарите, на нејзината публика навистина и се допаѓаат двете песни.
Инаку, пејачката се погрижи за секој детал кога станува збор за овие две песни, од снимањето до реализацијата на спотовите. Таа минатата година ја сними песната „Готово“, додека „Извини“ е направена пред неколку недели.
„Бев крајно возбудена, инспирирана и исполнета додека снимав во студиото, а и подоцна, кога ги снимавме видеата! Мислам дека тоа ќе се почувствува и ќе се види во песните. Презадоволна сум од тоа како се’ излезе и сигурна сум дека ќе и се допадне на публиката исто како мене“ – рече Анастасија во оваа прилика и додаде која песна и е омилена:
„Тешко ми е да одлучам за една. Двете ми се многу драги и ми се при срце, навистина не можам да изберам само една. Тие се сосема различни и секој има своја поента, нешто уникатно што ми се допаѓа. Секоја девојка може да се најде во секоја од овие песни, барем во некој дел“ – вели Анастасија и открива дека таа сепак повеќе се наоѓа во „Извини“.