Радио Милева „сите очекуваа да се мажам“

Анастасија Ражнатовиќ пред ТВ камери проговори за раскинување со момчето: „Му посакувам сė најдобро, не очекува убава иднина“

Анастасија Ражнатовиќ пред ТВ камери проговори за раскинување со момчето: „Му посакувам сė најдобро, не очекува убава иднина“

Анастасија Ражнатовиќ и Ѓорѓе Кулиќ раскинаа по петгодишна врска. Оваа вест како бомба одекна во медиумите, а како причина за нивното раскинување се наведува дека парот поради професионални обврски поминувал многу малку време заедно и не можеле да ги надминат меѓусебните разлики.

Анастасија гостуваше во „Амиџи шоу“ и првпат пред ТВ камери проговори за раскинувањето за Ѓорѓе.

-Така се случи. Не беше планирано, не сме ние Кардашијан, можеме да бидеме, но не сме, започна Анастасија.

-Никој не знае што носи денот, а што ноќта. Медиумите и луѓето очекуваат дека кога ќе се случи такво нешто дека зад тоа има бомбастична приказна, но не нема такво нешто. Седнавме, разговаравме и дојдевоме до заклучок дека најдобро е да се разделиме. Му посакувам се најдобро, не чека убава иднина. Луѓето очекуваа венчавка, ние започнавме кога имав 18 години, беше невозможно да се омажам толку млада. Кога Вељко се женеше, сите ми вршеа притисок – „Кога ќе се мажиш ти?“, вели Анастасија.

Ражнатовиќ истакна дека со екс момчето останале во добри пријателски односи.

Таа истакна дека сега нема симпатија.

-Немам симпатија, не сум во тој фазон. Пред оваа врска од пред 5 години, имав врска од две години, зошто сега да не се посветам на кариерата. Досега одев од врска во врска, сега ми годи да бидам малку сама, имам многу обврски, ме чекаат настапи, изјави пејачката.

фото: Принтскрин/јутуб/amig show

To top