Ќерката на Цеца Ражнатовиќ, младата и талентирана Анастасија Ражнатовиќ важи за една од најзгодните пејачки.
Каде и да се појави знае да го привлече вниманието со својот изглед и да ја разбуди фантазијата кај посилниот пол.
Таа често на социјалните мрежи објавува фотографии на кои ги собира сите комплементи.
Меѓутоа, овој пат, пејачката во кусите приказни на „Инстаграм“ се пофали дека има нов изглед.
Имено, таа ја промени бојата на косата и повеќе не е црнка.
Ражнатовиќ се офарба во кафева, а со новиот имиџ се пофали на социјалните мрежи.
„Нова боја на косата после четири години“, напиша како објаснување.
Како ви се допаѓа во вакво издание?