Вистинското лице на Анастасија Ражнатовиќ гледачите можеа да го видат во емисијата „Лично, незванично“ , а во таа прилика нејзината пријателка Невена откри една анегодата од Париз кога биле ограбени.
„Кога бевме заедно во Париз, бевме во шопинг. Јас го заборавив паричникот, а додека купувавме во меѓувреме, Анастасија беше ограбена. Го изгубивме и нејзиниот паричник, бевме тотално избезумени“ вели најдобрата пријателка на Анастасија и додава:

„Бидејќи немавме пари, дојдовме до идеја, таксистот да не однесе до хотелот бесплатно, а за возврат Анастасија да му пее. Му објаснивме дека е позната пејачка, па веднаш тргнвме до хотелот. Таа цело време пееше, прво на српски, а потоа и на англиски. На крајот кога стигнавме до хотелот, не сакаше да ни земе ни евро“ раскажува пријателката на Анастасија.
