Анастасија Ражнатовиќ и нејзиното момче Ѓорѓе Куљиќ моментално летуваат во луксузно летувалиште во Турција, и имаа и посебен повод за ова патување.
Имено, сега е откриена причината за нивното патување. Двајцата присуствуваа на роденденот на заеднички пријател во Турција, а и Ѓорѓе го дочека својот 31 – ви роденден.
Деновиве, Анастасија споделува фотографии од луксузниот летен одмор на својот профил на Инстаграм, а се појавија информации дека парот престојувал во хотел каде една ноќ чини околу 2.500 евра.
Пејачката го чува својот љубовен живот подалеку од очите на јавноста, па така и сега на нејзините профили нема фотографии со нејзиното момче, иако одлично се забавуваат заедно на одмор.