Радио Милева
недоразбирање или љубомора?

Анастасија Ражнатовиќ и Александра Пријовиќ се оддалечија една од друга: Зошто ќерката на Цеца и снашката на Брена „не се мирисаат“?

Анастасија Ражнатовиќ и Александра Пријовиќ  се оддалечија една од друга: Зошто ќерката на Цеца и снашката на Брена „не се мирисаат“?

Анастасија Ражнатовиќ и Александра Пријовиќ порано беа блиски, но преку ноќ се оддалечија една од друга. Стана едвидентно дека ќерката на Цеца и снашката на Брена баш и „не се мирисаат“, откако Анастасија не се појави на свадбата кај Прија.

Анастасија Ражнатовиќ сега отворено проговори  за нејзините релациии со Александра Пријовиќ, а многумина беа заинтересирани зошто се случило оддалечувањето меѓу нив, каде избил „курцшлусот“, имало ли расправија, или…?


„Имам пријатели со кои се познавам подолго време, а Александра е една од луѓето од сцената со која бев добра. Потоа дојде до недоразбирање, па затоа се оддалечивме една од друга. Некои луѓе се замешаа и… Подоцна се видовме, разговаравме нормално и зрело и сфативме дека се работи за недоразбирање“, ијави ќерката на Цеца и појасни зошто не се појавила на свадбата на Прија:


“Тогаш веќе бевме оддалечени, не бевме во контакт, немаше причина да дојдам на нејзината венчавка. Не се имавме слушнато цела една година, ќе беше лицемерно ако дојдам. Кога ќе се оддалечам од некого, не сакам потоа  да го искористам ‘помирувањето’  за сопствено експонирање“ – објасни Анастасија.

Останати вести од Радио Милева