Радио Милева верен другар

Анастасија Ражнатовиќ лета со приватен авион на ФК Севиља: Еве кој и прави друштво, а не е Немања (фото)

Анастасија Ражнатовиќ лета со приватен авион на ФК Севиља: Еве кој и прави друштво, а не е Немања (фото)

Откако е во врска со Немања Гудељ, Анастасија Ражнатовиќ целосно му се посвети на партнерот и внимателно го следи.
Младата пејачка пред извесно време се пресели во Севиља, Шпанија, а секој слободен момент го поминува со саканиот.

И додека работи, Анастасија е покрај него, па и таа отпатува за Атина за да го придружува на финалето на Суперкупот што се одржува во тој град.

Ражнатовиќ била на специјален лет, во приватниот авион на фудбалскиот клуб Севиља, што можело да се види на седиштата на кои имало ознаки.

Таа седела до возачот и семеен пријател на семејството Гудељ, Ричард, со кој појадувала.

– Време е за појадок – напиша Анастасија.

После тоа таа објави слика од аеродром, но и од прошетка од Атина.

Да потсетиме, финалето на Суперкупот се одржува во Атина.

To top