Пејачката Анастасија Ражнатовиќ и фудбалерот Немања Гудељ пред неколку дена тајно се заколнаа на вечна љубов пред Бога. Анастасија го зела презимето на Немања, а на својот Инстаграм профил го сменила презимето.
Како што претходно се пишуваше Анастасија Ражнатовиќ, сега тоа е заменето во Анастасија Гудељ.
Да потсетиме, Цеца еднаш коментираше дека Анастасија повеќе нема да го носи презимето Ражнатовиќ.
– Според српските обичаи, така треба да биде. И јас го зедов презимето на маж ми, зошто не и таа? Сосема е ок, јо поддржувам – изјави фолк дивата.
Инаку, кума на Анастасија Ражнатовиќ на црковната венчавка била нејзината најдобра пријателка, актерката Тара Милутиновиќ, а таа одлука пејачката ја донела одамна. Анастасија и нејзиниот сопруг го избраа споменатиот манастир во Бегаљица затоа што нејзината мајка Светлана Цеца Ражнатовиќ беше кума на славата на Рајиновац.
Фото: Принтскрин/Инстаграм/Анастасија Ражнатовиќ/Влада Лукиќ